Краен рок 8 март
Локација: НХ Хотел, Букурешт, Романија
Датум: Пристигање – Петок (5 ти Април)
Сабота (6 ти Април) – РЕФ Конгрес за едукатори (09.00 – 18.00 часот)
Недела (7 ми Април) – Заминување
Патните трошоци и трошоците за храна и сместување ќе бидат покриени од страна на РЕФ
Ромскиот образовен фонд ќе биде домаќин на својот инаугуративен Конгрес на едукатори од 5 до 7 април во Букурешт, Романија, собирајќи ги на едно место едукаторите од сите средини кои работат со ромските заедници и страсно се грижат за потребата од промени.
Од 2022 година, Ромскиот образовен фонд започна историско ново поглавје во својата работа за трансформирање на образованието за ромските заедници во Централна, Источна и Југоисточна Европа. Како дел од оваа стратешка промена, сакаме да слушнеме директно од Едукаторите кои работат со ромските заедници.
Ги очекуваме учесниците Роми и не-Роми од Србија, Романија, Бугарија, Северна Македонија и Словачка. Срдечно го поздравуваме учеството на едукаторите од секаков вид – негуватели, учители/ки во основното, средното, високото образование, наставниците, менторите, туторите, асистентите и секој кој работи во образовна улога со ромските заедници.
Местата се ограничени затоа ве замолуваме да стапите во контакт преку овој формулар, да одговорите на кратката анкета и да не известите зошто сакате да присуствувате. Ќе ве известиме дали вашата апликација е успешна. Ќе бидат избрани по пет учесници од Србија, Бугарија, Северна Македонија и Словачка; десет учесници ќе бидат избрани од Романија. Конечните учесници ќе бидат избрани за да се обезбеди разновиден претставник на улоги и искуства од страна на комитетот на РЕФ.
Придружете ни се на динамичен собир каде страсните поединци кои работат во образованието со ромските заедници ќе Соработуваат, Инспирираат и Иновираат
Конгресот за едукатори на РЕФ2024, чиј домаќин е РЕФ и тимот од Одделението за иновации на Обединетото Кралство, организација која ја поддржува трансформацијата на образованието низ целиот свет, ќе:
- Ги собере на едно место страсните и посветени едукатори да ги споделат своите искуства од прва рака – предизвиците и можностите на кои се сведоци во нивната работа.
- Понуди сет на сесии кои предизвикуваат инспириративно креативно размислување за поддршка на новата стратегија на Ромскиот образовен фонд и развојот на иновативни образовни програми.
- Поттикне ново размислување и нови врски помеѓу оние кои веруваат дека е можен нов пристап кон образованието на Ромите.
- Во пресрет на Меѓународниот ден на Ромите, 8-ми април, ќе ја прослави посветеноста и достигнувањата на едукаторите кои работат со ромските заедници.
Јазик: Конгресот ќе биде фасцилитиран на Англиски јазик со обезбеден превод од страна на преведувачи на РЕФ. Познавањето на работен Англиски јазик ќе биде корисно, но не и суштинско.
