РХСП Грантови за курсеви за јазик

РХСП “ПОДДРШКА ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА СТРАНСКИ ЈАЗИК” (2012-2013)

Ве молиме, да ја симнете (Download-ирате) Offline аппликација тука.

Во рамките на Програмата за медицински стипендии за Роми, сите РХСП стипендистите за академската/учебна 2012-13 година може да аплицираат на повикот за изучување на странски јазик. Максималниот износ на овој  грант е 300 евра.

РХСП “ПОДДРШКА ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА СТРАНСКИ ЈАЗИК” (2012-2013)

Ве молиме, да ја симнете (Download-ирате) Offline аппликација тука.

Во рамките на Програмата за медицински стипендии за Роми, сите РХСП стипендистите за академската/учебна 2012-13 година може да аплицираат на повикот за изучување на странски јазик. Максималниот износ на овој  грант е 300 евра.

Сите заинтересирани стипендисти мора да ја поплнат offline апликацијата и да ја испратат на следната е-маил адреса: ajsel.memet@soros.org.mk најдоцна до 27 Maj, 2013 година.

Критериуми за избор:
•    Кандидатот/а треба да бидат РХСП стипендисти во моментот на поднесување на off-line апликација за грант;
•    Кандидатoт/a треба да се УСЛОВНО запишани во соодветно училиште за странски јазик (акредитирано) во нивното место на живеење, имајте во предвид, дека еден-на-еден јазични курсеви (односно приватни часови) нема да бидат поддржани со овој грант;
•    Кандидатот/а треба поднесе потврда за УСЛОВНО запишани на курс за изучување на странски јазик во која е наведена сумата на курсот и преставува официјален документ издаден од страна на училиштето. (УСЛОВНО –  кандидат/а кои аплицираат и се потенцијални учесници на курс за зиучување на странски јазик). Потврдата треба да ги содржи: име и презиме на кандидатот/а, ниво на познавање на јазикот и висината на исплата на курсот.
•    Кандидатите кои предходно (минатата година) добивале РХСП грант за изучување на страснки јазик задолжително треба да прикачат сертификат за завршениот курс;
•    Кандидатите кои предходно (минатата година) добивале РХСП грант за изучување на страснки јазик треба да аплицираат за повисоко ниво на изучување на странски јазик во однос на предходната година, доколку во текот на оваа година го одберат истиот јазик.

Критериуми за селекција:
Грантот за изучување на странски јазик ќе се базира на критериуми врз основа на конкурентска основа:
•    Општ академски успех;
•    Мотивација;
•    Целокупниот квалитет и точност на податоците наведени во апликацијата

Ве молиме, да имате во предвид дека во академската/учебна 2012 – 2013 година максималниот број на РХСП стипендии за изучување на странски јазик е 10 стипендии за секоја РХСП земја. Доколку има зголемена конкуренција, приоритет ќе се даде на стипендистите кои претходно не добивале грант за изучување на странски јазик.

За дополнителни прашања во врска со грантот за изучување на странски јазик, контактирајте го Националниот координатор од Вашата држава:

Ајсел Мемет

Тел: 02/ 2 44 44 88 лок. 107
E-mail: ajsel.memet@soros.org.mk