РХСП ГРАНТ ЗА УЧЕСТВО НА АКАДЕМСКИ НАСТАН

 

Ве молиме, да ја симнете (Download-ирате) Offline аппликација, тука

 

Ве молиме, да ја симнете (Download-ирате) Offline аппликација, тука

Грантот за учество на академски настан е компонента во рамките на Програмата за медицински стипендии за Роми. РЕФ/РХСП со цел да ги охрабри РХСП стипендистите да го подобрат својот академски и професионален развој преку учество на вон-наставни активности објавува конкурс (грант) за учество на академски настан за академската 2012-2013 година, во својата земји на живеење или надвор од неа.

Максималниот износ на грантот е 1,450 евра.

Сите заинтересирани стипендисти мора да ја поплнат offline апликацијата и да ја испратат на следната е-маил адреса: ajsel.memet@soros.org.mk најдоцна до 25 МАРТ 2013.

Критериуми за избор:
• Кандидатот/а треба да бидат РХСП стипендисти во моментот на поднесување на off-line апликација за грант ;
• Кандидатoт/a треба да докаже дека е ПРИМЕН/а на соодветниот академски настан и дека организаторот на настанот не ги покрива трошоците на учесникот/а;
• Кандидатoт/a треба да испрати докази за секој наведен трошок/и од буџетот кој е дел од off-line  аплиацијата;
• Ретроактивно исплаќање на трошоците за жал програма не поддржува (на пр. трошоци за настани кои се случиле пред аплицирањето).

Критериуми за селекција:
Грантот за учество на академски настан ќе се базира на критериуми врз конкурентска основа:
• Акадесмки успех – прикажано во уверението за положени испити од првиот семестар во академската/учебна 2012-2013 година;
• Релевантноста на настанот за академската стручност на кандидатот/а;
• Вредноста и значењето на настанот за академската област што ја студира/учи кандидатот/а и/или за личен и професионален развој;
•  Мотивација;
• Целокуоната кохерентност и точност на апликацијата.

Ве молиме, да имате во предвид дека во академската/учебна 2012-2013 година максималниот број на РХСП грантови за учество на академски настани  е 5 стипендии за секоја РХСП земја. Доколку има зголемена конкуренција, приоритет ќе се даде на стипендистите кои претходно не добивале грант за учество на академски настан.
Ве молиме, имајте во предвид дека нецелосни апликации или апликации кои се поднесени по рокот нема да се разгледуваат!
Сите кои ќе го добијат грантот за учество на академски настан, од нив се очекува да достават финансиски извештај за спроведените активности, заедно со финансиски сметки (т.е. фактура/и, фискални сметки и сметкопотврди), до националниот координатор најдоцна до 2 недели по завршување на настанот. Поднесувањето на горенаведениот извештај е услов за понатамошно учество во РЕФ/Програмата за стипендирање.
За дополнителни прашања во врска со грантот за учество на академски настан, контактирајте го Националниот координатор од Вашата држава:

Ајсел Мемет

Email: ajsel.memet@soros.org.mk
Телефон: 071/232-861