АКАДЕМСКА НЕЧЕСНОСТ

АКАДЕМСКА НЕЧЕСНОСТ

Плагијатот е незаконско присвојување на авторски текстови, јазик, мисли, идеи, или изрази, и нивна репрезентацијата како едно оригинално дело. РЕФ/ПС плагијатот го смета како пример на академска нечесност и повреда на вредностите и принципите на Програмата. Затоа, апликациите во кои ќе бидат откриени плагијати и / или авто-плагијати ќе бидат дисквалификувани од натпреварот за стипендија.

За време на пополнувањето на апликацијата, а особено на Изјава за академските цели и Есејот за ромски прашања, на апликантот му е дозволено да направи само ограничена употреба на цитирање, осигурувајќи се дека оригиналниот извор е правилно наведен и дека цитатите не се дел од минималниот услов за зборови.

Авто-плагијат е повторна употреба на значаен, идентичен, или речиси идентични делови од минатите апликации за РЕФ/ПС програмите, или јавно достапни документи, статии и материјали. Слично со ситуацијата на плагијати, доколу апликациите се наоѓаат во состојба на авто-плагијати ќе бидат дисквалификувани од натпреварот за стипендија.

Ве молиме, имајте во предвид дека и покрај проверката спроведена од страна на персоналот на РЕФ/ПС и Националната комисија за селекција; Програмата, може да употреби софтвер за анти-плагијати за откривање на случаи на плагијат во апликациите.

Исто така, според политиките и процедурите на РЕФ/ПС, кандидатите кои ќе бидат најдени како одговорни за испраќање на фалсификувани документи ќе бидат дисквалификувани од процесот, и нивните апликации нема да се разгледуваат во било кои РЕФ/ПС програмски шеми и за  било кои други програми финансирани од РЕФ. И други случаи на академска нечесност при спроведување на процесот за аплицирање на РЕФ/ПС и во текот на договорот за грант (како што се обезбедување лажни / фалсификувани податоци и информации, обиди за поткуп, итн.), исто така, ќе доведат до исклучување од програмата и забрана за аплицирање во идни РЕФ/ПС конкурси.

Кликнете тука да се вратите на Водичот како да се пријавите за стипендија