Препис на оценки

ВАЖНА ЗАБЕЛЕШКА

Како одговор на пандемијата КОВИД-19, РЕФ ПС признава дека може да има потешкотии при барање оригинални, валидирани дипломи, уверенија, индекси-копии, и РЕФ ПС ги уверува сите заинтересирани апликанти дека ќе пристапи кон секоја ситуација со флексибилност и грижа.

Подолу се дадени стандардните услови за GPA (препис на оценки) / диплома. Доколку се соочите со какви било потешкотии при добивањето на вашите, ве молиме, навремено, контактирајте го вашиот Национален координатор за да го информирате за проблемот и заедно ќе бараме решенија.


Препис на оценки / Дипломи *Ве молиме направете квалитетно скенирање, во боја, со цел сите информации да се јасно читливи (заматените/нејасни документи нема да се земат во предвид).
*Максимална големина на еден документ не смее да надмине 5MB.
* Потребна диплома од средно училиште за конкуренција за ПС вклучува: препис на оценки од средното образование, и препис на оценки од матурски/ државен испит.

Препис на оценки, или Диплома за добиено ниво (доколку е можно да содржи просек од успех), треба да се скенира и да се прикачи како прилог во рамките на Електронската Пријава (ЕП) и:

  • Да биде официјален академски препис на оценки или диплома, што во зависност од вашиот тековен академски / училишен статус треба да биде за еден од следниве академски / училишни периоди:
  • Во случај да сте тековен студент во 2019-2020 година, треба да обезбедите препис на оценките за целокупната академска 2018-2019 година, плус вашиот успех од зимскиот семестар на тековната учебна година 2019-2020 година.
  • Во случај моментално да сте 1 ва година на додипломски студии, треба да обезбедите препис на оценките од зимскиот семестар на тековната академска година 2019/2020 година, плус дипломата од завршено средно училиште.
  • Во случај, во моментов, да сте завршил средно образование, треба да обезбедите препис на оценки од комплетирано 11 – то одделение, плус препис на оценки од првиот семестар на 12 – то одделение;
  • Во случај да не сте моментално запишан студент, (ниту сте биле запишани минатата година), треба да обезбедите валидна копија од диплома од последната година; За пресметките на просекот според правилата на Програмата за стипендии, исто како и типот и варијациите на поднесените уверенија на оценки или дипломите, може да се пристапи тука
    • PhD Апликантите на докторски студии треба да поднесат последниот извештај за напредок од нивните супервизори, заедно со последниот препис на оценки.
      • Соодветен препис на оценки вклучува комплетен список на задолжителни испити и резултатите за секој од нив (оценки или нивниот статус, како што се: положен / неуспешен / одложен / не присуствуван, отсутен, итн.);
      • Понесете го оригиналниот печат на универзитетот и потпис на претставникот на универзитетот;

Забелешка: Апликациите со несоодветни преписи на оценки нема да се сметаат за подобни;

 

Кликнете тука за да се вратите на Упатсвата за пријавување