ПРОГРАМАЗА СТИПЕНДИРАЊЕ СТУДЕНТИ РОМИ КОИ СТУДИРААТ МЕДИЦИНА (RHSP) Мали-проектни грантови Упатства за аплицирање 2015

[English] [Български] [

[English] [Български] [Română] [Srpski]

ПРОГРАМА ЗА СТИПЕНДИРАЊЕ СТУДЕНТИ РОМИ КОИ СТУДИРААТ МЕДИЦИНА (RHSP)

Мали-проектни грантови

Упатства за аплицирање 2015

Компонентата на мали-проектни грантови на заедницата во рамките на Програмата за стипендирање студенти Роми кои студираат медицина – RHSP има за цел да промовира и зајакне философијата на учество на заедницата меѓу RHSP сегашните корисници и алумни, и да им обезбеди можност да се стекнат со искуство во дизајнирање и имплементација на проект во заедницата, а со тоа да и помогне на Ромската заедница воедно ќе развие сет на вештини, што ќе придонесе во нивниот понатамошен личен и професионален развој. Воедно, таквите нови стекнатите вештини, со фокус на вмрежување, раководење, управување, координација, буџетирање, мониторинг евалуација и известување би претставувало солидна основа за студентите во нивните идни кариерни потфати.  

Мали-проектни грантови во заедницата во рамките на RHSP ја нагласуваат работа во насока на мобилизирање на заедницата и развој во однос на здравјето и пристапот до здравствени услуги; летни кампови за деца и млади; здравствени услуги за регистрација; градење на капацитетите и оспособување на младите и жените, особено на бремените жени и девојки, во однос на здравствените прашања; иницијативи поврзани со здравјето се фокусира на подигнување на свеста наменети за ромската заедница и/или институции во врска со здравствените проблеми на Ромите и нивниот пристап до здравствени услуги и институции; да ја олесни соработката помеѓу локалните претставници на заедницата и локалните власти за решавање на прашањата и предизвиците поврзани со здравјето со кои се соочуваа локалната заедница.

Малите проектни грантови во заедницата ги таргетираат Ромските заедници и може да вклучува компонента со цел да се подигне свеста и да се сензибилизираат мнозинското население за прашањата на Ромите и нивната состојба. Исто така RHSP е отворена и за предлог проекти кои ќе имаат фокус на мобилизирање на сегашни корисници на RHSP и алумни во насока да комуницираат, да се дружат, да се развијат заеднички активности и да  соработуваат во Алумни заедница-како начин.

Компонентата на мали проектни грантови на заедницата во рамките на Програмата за стипендирање студенти Роми кои студираат медицина – RHSP, ќе обезбеди околу 2 гранта по земја, годишно, секој грант по износ од максимум 2.500 Евра

Апликацијата треба да ги содржи следните документи:

  1. Целосно пополнета апликација за Мали проектни грантови во заедницта во рамките на RHSP, достапна тука. Ве молиме да имате во предвид дека само целосно пополнета апликација (електронски) ќе биде земена во предвид.
  2. CV (лична биографија) на секој член од проектниот тим за спроведување на предложениот проект.  
  3. Копија од лична карта или пасош на секој член од проектниот тим за спроведување на предложениот проект.

Во самата апликација мора јасно да се гледа кој е носител на проектот, кој се сегашни кој се поранешни корисници на RHSP, како и позицијата и улогата на секој член од проектниот тим. Проектот треба да ги наведе главните категории на трошоци и соодветните износи, кои треба да бидат во согласност со природата на проектот и сетот на активности на истиот. Во случај проектот да биде избран за финансирање, RHSP ќе ја задржи кореспонденција со носителот на проектот, каде и износот на грантот ќе го пренесе на неговата / нејзината банкарска сметка.

Неопходни услови за аплицирање:

  • Доставена комплет апликација со подоле излистените документи;
  • Носителот на проектот мора да биде сегашен или поранешен корисник на RHSP (корисници на стиупендија на RHSP најмалку 1 година во последните 5 академски години) и треба да има составен проектен тим од најмалку 3 или најмногу 7 членови.
  • Другите членови на проектниот тим може да бидат или сегашни или поранешни корисници на RHSP и преставници од заедницата која што е таргетирана со проектот. Ве молиме имајте во предвид дека предложените проектите од проектни тимови составен од  неколку корисници на RHSP ќе имаат предност;
  • Проектните активности временски треба да бидат дизајнирани во период каде што нема да се поклопуваат со академските обврски на членовите на тимот кои се во тек корисници на RHSP 

Проектот треба да биде спроведен најдоцна до 31 Август 2015 година.

Критериуми за селекција:

  • Предложените цели и активности на проектот се релеватни на потребите на таргетирата Ромска заедница;
  • Целокупна изводливост на проектот;
  • Јасност и кохерентност на поставената цел (и), активности и предвидените резултати и соодветна поделба улога меѓу членовите на тимот за имплементација;
  • Јасни индикатори за мерење на остварувањето на целите,
  • Јасност и соодветност на буџетот.                                       

Заинтересираните кандитати своите комплет апликации со целокупната побарана документација треба да ги достават по е-маил на следната адреса:  scholarships@romaeducationfund.org

Крајниот рок за доставување на апликациите за мали проектни грантови на заедницата во рамките на Програмата за стипендирање студенти Роми кои студираат медицина – RHSP е 3 август 2015

Периодичен извештај

Финален извештај