ВОДИЧ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Забелешка: РЕФ Програмата за стипендирање се однесува исклучиво на лица од ромската етничка заедница!

[Български] [Македонски] [RomânăSrpski]

Почитуван апликант,

Станете активен член на заедницата на студенти на РЕФ!

  • Стани активен поддржувач на ромската заедница!
  • Поддржи го развојот на сите други компоненти на програмата!
  • Стани активен член на нашата интернационална Facebook Group!
  • Повикај го ТВОЈОТ национален координатор во секое време за секоја поддршка во врска со твојата пријава.

Целта на РХСП е да го трансформира медицинскиот систем однатре, да го направи поинклузивен и да спречи дискриминација и кршење на човекови права врз Ромите. Преку инвестирањето во изградба на генерација на ромски медицински професионални и даватели на медицински услуги Роми, програмата има за цел да се справи и да помогне во реформирањето на некои од проблематичните тековни практики, да ги оспори и разбие негативните стереотипи и ставови. Понатаму, иницијативата РХСП има за цел да помогне да се зголеми пристапноста на здравствените услуги до Ромите, да се зголеми нивната доверба во здравствените системи и целосно да се искористат здравствените услуги.


Нови воведи во циклусот за аплицирање за стипендија за академска 2021/2022:

  1. Во следниот академски циклус, РЕФ ПС ќе ги поддржи само пријавите за обнова!

АПЛИКАНТИ ЗА ОБНОВА  – студенти кои биле добитници на стипендија од РМУСП во претходната академска година (2020/2021) и се пријавуваат да ги обноват нивните апликации за стипендија во исто академско ниво.

  1. Писмо за препораки, контакти на лица за препорака веќе не се потребни и нема да се разгледуваат.
  2. Програмата за Ангажирање на Заедницата станува активен дел од програмата и ќе биде координирана од страна на РЕФ ПС.

КРАЈНИОТ РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА СИТЕ ШЕМИ Е 20-ти ОКТОМВРИ, 2021 ГОДИНА!

ЗАБЕЛЕШКА | Процесот на аплицирање за стипендија на РЕФ Програмата за Стипендирање се спроведува преку Систем за Онлајн Аплицирање (Електронска Пријава). Започнувајќи од оваа година, РЕФ ПС ќе биде активно вклучена во развој на заедницата и алумни мрежата на студентите Роми. Делот за ангажман на ПС ќе биде организиран од РЕФ и ќе започне по договорниот дел.


I. КРИТЕРИУМИ ЗА ПОДОБНОСТ

  1. Изјаснете се дека сте Роми
  2. Обновете ја вашата пријава од 2020/2021
  3. Кандидатите за стипендија во РЕФ ПС кои се во ситуација да ја повторуваа годината (студентите кои беа добитници на стипендија во претходната академска година/и и аплицираат да ја обноват нивната стипендија за истата академска година), не се подобни во ПРОГРАМАТА за стипендирање
  4. РЕФ може да го поддржи апликантот, во неговите студии, максимум 8 години, односно:
    1. Еден стручен медицински степен, со пренос во друг факултет/специјализација дозволен само еднаш;
    2. Едни додипломски студии по медицина, со пренос во друг факултет/специјализација дозволен само еднаш;
    3. Еден – Дипломиран медицински степен, најмногу три години (медицински резиденти), и
    4. Еден постдипломски медицински степен, најмногу две години (докторски студии).
  5. Стипендијата од РХСП треба да ги покрие трошоците поврзани со студиите, како што се учебници, надоместоци за испити и трошоците за живот, делумно.
  6. Само поднесените, комплетни и усогласени Онлајн апликации ќе се сметаат за подобни.

II. ФАЗИ НА АПЛИЦИРАЊЕ

ПРВА ФАЗА – ПРИЈАВИ СЕ во Системот на Онлајн Аплицирање (електронска пријава) – Краен Рок 20- ти октомври 2021 година

ЧЕКОР 1: целосни (или ажурирани) Лични Информации (можете да ажурирате)

ЧЕКОР 2: целосна (или ажурирана) Анкета (можете да ажурирате)

ЧЕКОР 3: пристап до Листа на Апликации, селектирајте ја одбраната шема за стипендирање, комплетирајте ја, поднесете ја.

Онлајн апликацијата ќе биде успешно поднесена само доколку е целосно комплетирана, и само ако и ЧЕКОР 1 и ЧЕКОР 2 се целосно комплетирани.

ЗАБЕЛЕШКА – Студентите кои ги обновуваат своите апликации исто така треба да ги прегледаат двата дела и да ги поправат/изменат информациите доколку е потребно, со тоа што соодветно ќе го претстават моменталниот статус.


Комплетниот и усогласен Систем за Онлајн Аплицирање  содржи:

  1. Писмени задачи
  2. Приложени документи

ВТОРА ФАЗА – Прикачи  ПОТВРДА ЗА УПИС – Краен рок 15-ви Ноември, 2021 година

(прикачен прилог до максимум 5MБ во СОА)


III. МЕХАНИЗАМ ЗА НОСЕЊЕ ОДЛУКИ

IV. КОМУНИЦИЈА ВО ОДНОС НА ИСХОДОТ ОД ПРОЦЕСОТ НА СЕЛЕКЦИЈА

Програмата ги соопштува резултатите од процесот на селекција преку емаил адреса која кандидатите ја регистрираат во нивниот профил на Системот за Онлајн Аплицирање

Краен рок 30-ти Ноември, 2021 година


V. МЕХАНИЗАМ ЗА ЖАЛБИ / ОСПОРУВАЊЕ на REFSP_contestations@romaeducationfund.org

Кандидатите за стипендија имаат можност да ги оспорат резултатите од процесот на селекција на Програмата за Стипендирање, во период од еден месец од моментот на добивање известување од страна на Програмата. Во зависност од природата на жалбата РЕФ ПС може да одлучи да ги додели на независен правен советник/консултант.


НАПОМЕНА

РЕФ го задржува правото да одбие давање поддршка за секој кандидат чие однесување и/или поврзаност со групи или други субјекти чии цели или активности се некомпатибилни со вредностите и принципите промовирани од Ромскиот Образовен Фонд и неговите цели.

Пристап до Системот за Онлајн Аплицирање